Срамно однесување на навивачите на Шкендија

Гачевски заврши со изгореници на лицето (ФОТО)

Чуварот на мрежата кој денеска беше најдобар поединец на големото дерби, заврши со изгореници по лицето откако беше фрлен факел кон него од страна на домашните фанови

објавено: 23 октомври 2016 - 18:03

Големото дерби кое денеска се одигра под Шара, во кое Вардар ја победи Шкендија со 2:0, повторно заврши со инциденти. Домашните навивачи, популарните „Балисти" незадоволни од овој исход почнаа да фрлаат факели кон теренот. Од еден таков настрада и чуварот на мрежата на Вардар, Филип Гачевски. Најдобриот поединец од овој меч заврши со мали изгореници на своето лице.
Со ваквата реакција, „Балистите" уште еднаш се најдоа на мета на критики, и тоа сосема заслужено. Додека Шкендија може да очекува голема казна од дисциплинската комисија при ФФМ.

Најново во Фудбал