РАБОТНИЧКИ ГО ПРЕТРПЕ ТРЕТИОТ ПОРАЗ СЕЗОНАВА

Ѓоре: Самите сме си виновни...

„Според играта можевме и моравме да извлечеме подобар резултат од овие 0:2", смета стратегот на „романтичарите" Ѓоре Јовановски. 

објавено: 22 септември 2018 - 21:55

По Ренова и Шкендија, вечерва и Вардар успеа да го победи Работнички сезонава во изминатите шест кола.
За тоа како го виде ова дерби свој коментар има стратегот на „романтичарите" Ѓоре Јовановски, кој за „Спортмедиа" изјави...

„Што да се каже. Прво честитки за фудбалерите на Вардар за нивната победа. Ние уште во првото полувреме го загубивме овој натпревар. Според играта мислам дека можевме и моравме да извлечеме поповолен резултат од тие 0:2. Мислам дека самите сме си виновни, посебно ако се знае дека до таа 30.минута, до голот на Барсегјан ние бевме подобри, ја контролиравме играта, имавме и шанси и полушанси. Но, кога нема да се даде гол противникот казнува. Така и беше, едно наше невнимание и Вардар поведе со 1:0. Уште еднаш честитки за Вардар а ние грешките ќе си ги бараме кај нас", посочи Јовановски.

Најново во Фудбал