ТРЕНЕРИТЕ НА РАБОТНИЧКИ И ШКУПИ СО СВОЈА ЗАЕДНИЧКА „ИСТОРИЈА

Ѓоре - Зеко, дуел на учителот и ученикот

Јовановски го внесе Рамадан во првиот тим на Слога Ј, му даде шанса да заигра и во репрезентацијата. Го донесе и во Работнички во таа 2006 година.

објавено: 29 април 2018 - 13:59

Денеска, 16 часот, на Арената „Филип Втори" во дербито на 31. коло, во битката за Европа, се реќаваат скопските ривали Работнички и Шкупи. И двете екипи од клупите ќе бидат предводени од стратезите Ѓоре Јовановски и Зекирија Рамадан.

Интересно е тоа што овој дуел ќе биде и дуел меѓу учителот (Јовановски) и ученикот (Рамадан). Тоа се стратези кои си имаат своја заедничка „историја".

Имено Ѓоре Јовановски кога беше тренер на Слога Ј (Шкупи) од 1999 до 2001 година, во тој периот го внесе во тимот на чаирчани Зеко Рамадан. Ѓоре додека беше селектор на Македонија му даде шанса на Зеко да дебитира во националниот дрес, и на крај Ѓоре во 2006 година, кога беше тренер на Работнички го ангажира Рамадан во клубот од Градски парк.

Ќе видиме попладнево дали Зеко научил нешто од Ѓоре, односно кој ќе биде подобар учителот или ученикот?

Најново во Фудбал