Ќе биде капитен во отсуство на Грнчаров

Глигоров: Каде и да играме одиме на победа

Вардар ќе бара трета среќа, но и прекин на мини-серијата без победа, утре против Ренова во меч од 6. коло во Првата македонска лига. Шампионот беше надигран од Зенит и поразен со 0:5, а потоа и во меч од домашното првенство киксна и ремизираше, 1:1 со Скопје

објавено: 19 септември 2017 - 16:45

Вардар ќе бара трета среќа, но и прекин на мини-серијата без победа, утре против Ренова во меч од 6. коло во Првата македонска лига. Шампионот беше надигран од Зенит и поразен со 0:5, а потоа и во меч од домашното првенство киксна и ремизираше, 1:1 со Скопје.

„Два натпревари по ред во кусо време сме без победа. Ако поразот против Зенит не делуваше толку изненадувачки, иако истиот беше превисок, тогаш во дуелот против Скопје не планиравме и не очекувавме да освоиме само бод. Очекувавме и посакувавме три бода, но не успеавме да дојдеме до нив. Не секогаш се остварува планираното. Што е тука е, мораме да го заборавиме тој натпревар бидејќи имаме веќе нов натпревар утре кој е нова шанса за победа, за бодови. Играме на стадионот во Маџари. Условите не се како на Националната Арена, меѓутоа каде и да играме, мораме на секој натпревар да одиме на победа. Го респектираме тимот на Ренова, но сметам дека сме поквалитетни, и одиме да го добиеме овој натпревар. Ние на секој меч одиме на победа, и така ќе треба да се однесуваме, затоа што само така ќе стигнеме до нашата цел. Ќе ни недостасуваат неколку играчи како Грнчаров кој има црвен картон, потоа Брдаровски и Новак кои се повредени. Меѓутоа верувам дека оние кои ќе добијат шансата ќе дадат максимум и ќе дојдеме до победа", изјави за клупскиот сајт Глигоров пред утрешниот меч со Ренова.

Вардар има шест победи по ред на домашен терен со Ренова, а по долго време ќе игра на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари.

Најново во Фудбал