САМО ПОБЕДА МУ ОДИ ВО ПРИЛОГ НА ВАРДАР

Глигоров: Мора да победиме и да ја намалиме негативата

Вардар утре го пречекува Работнички во заостанатиот натпревар од 12. коло во ПМФЛ. Првата пресметка на градските ривали оваа сезона заврши со убедлива победа на „романтичарите“ од 3-1, токму затоа шампионот нема друг избор освен да дојде до двата бода и со тоа да ја намали бодовната разлика во однос на Шкендија. 

објавено: 12 декември 2017 - 15:00

Вардар утре го пречекува Работнички во заостанатиот натпревар од 12. коло во ПМФЛ. Првата пресметка на градските ривали оваа сезона заврши со убедлива победа на „романтичарите" од 3-1, токму затоа шампионот нема друг избор освен да дојде до двата бода и со тоа да ја намали бодовната разлика во однос на Шкендија.

Во моментов тетовски „црвено-црни“ имаат негатива од 11 бодови, што пак им наложува максимално темпо по паузата. 

„Ова ни е последен натпревар во првенството оваа година, и низ него прво сакаме да ја намалиме бодовната разлика во однос на нашиот ривал за првата позиција на табелата, а второ сакаме на некој начин да му вратиме на Работнички за поразот во првиот натпревар сезонава. Тие беа подобри, сосема заслужено победија, сега утре посакувам и очекувам ние да бидеме подобри и да победиме. Завршува овој прв дел од сезоната во првенството во кој што знаеме дека можевме да поминеме многу подобро. Меѓутоа не ни останува ништо друго, освен да победиме и да ја намалиме разликата, и да се обидеме во пролетниот дел од сезоната да стигнеме до тоа прво место кое што секогаш е целта. Со Работнички ќе биде тежок натпревар, очекувам добра игра на Вардар и на крајот освојување на три бода", вели Никола Глигоров.

Најново во Фудбал