ЕКС ВАРДАРЕЦОТ ВО АЛБАНИЈА

Глишиќ e пред договор со Кукс

Довчерашниот лев бек на Вардар е пред трансфер во Кукс, во тимот од Албанија кој ова лето ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите.

објавено: 12 јуни 2018 - 10:30

Дарко Глишиќ, левиот бек на Вардар е пред трансфер во Кукс, во тимот од Албанија кој ова лето ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите.

Да потсетиме дека спортски директор на Кукс е Ндерим Неџипи, некогашниот фудбалер на Шкупи, Вардар, Работнички...
Со евентуалното заминување на Глишиќ се зголемува бројот на играчи кои си заминаа или имаат намера да си одат од Вардар.

Најново во Фудбал