ВО НАЈОРГАНИЗИРАНИОТ БАЛКАНСКИ КЛУБ

Голем трансфер за женскиот мак-фудбал: Марковска го засили Спартак!

Александра Марковска, младата и талентирана македонска фудбалерка направи голем трансфер откако потпиша договор со актуелниот српски шампион и воедно најдобар тим од екс-ју просторите, Спартак од Суботица.

објавено: 11 јули 2015 - 02:06

Марковска, која има 18 години и досега ги бранеше боите на Драгон, беше на неколкудневна проба во Србија, ги исполни критериумите на челниците и очекувано потпиша договор со тимот кој е еден од најорганизираните на Балканот. Во редовите на Спартак репрезентативката ќе остане во наредните две години.

Покрај Марковска, во Спартак од Суботица од јануари ќе игра и Симона Крстаноска, која го договори трансферот во Србија пред неколку месеци, но мораше да почека поради повреда. Екипата на Спартак во средината на август ќе настапи во квалификацискиот циклус за пласман во ЛШ. Тимот се наоѓа во групата 6 заедно со Осиек (Хрватска), Бенфика (Португалија) и Норок Ниморени (Молдавија).

М.Т.

Најново во Фудбал