По исто сценарио од лани

Големи маки прилепски, Победа пак ќе игра на „Могила“

Победа утре ќе го почне новиот шампионат како прволигаш и тоа против Пелистер, во пелагониското дерби, а прилепските фудбалски маки продолжуваат. Градскиот стадион во Прилеп е во очајна состојба, па првиот дел од шампионатот Победа ќе биде домаќин на стадионот во Могила

објавено: 12 август 2017 - 14:20

Победа утре ќе го почне новиот шампионат како прволигаш и тоа против Пелистер, во пелагониското дерби, а прилепските фудбалски маки продолжуваат. Градскиот стадион во Прилеп е во очајна состојба, па првиот дел од шампионатот Победа ќе биде домаќин на стадионот во Могила.

„Ќе играме во Прилеп, тоа е најважно. Стадионот "Гоце Делчев" ќе биде подготвен за играње, според изведувачите, за пролетната полусезона“, вели претседателот на Победа, Гоце Ингилизов.

Победа и лани не беше домаќин на „Градскиот стадион“ во Прилеп, нашироко познат како еден од најжешките терени и во поранешна Југославија.

Прилепчани беа домаќини во Охрид, па потоа на малиот стадион во Могила, а очекуваат да се вратат на својот фудбалски храм, но очигледно најбзр рок ќе биде во вториот дел од новата сезона, која почнува денеска. Победа и Пелистер ќе играат утре од 17 часот во Прилеп. 

Најново во Фудбал