Промена на термините за бараж средбите за прва лига

Гостивар – Борец на 29. мај, Победа чека до 2. јуни

објавено: 23 мај 2018 - 11:25

Од Фудбалската Федерација на Македонија одлучија термините за веќе закажаните бараж мечеви за псламан односно опстанок во првата лига, да бидат променети. Па така, екипите на Гостивар и Борец својот меќ ќе го одиграа ден поразно, на 29. мај, а не на 30. како што беше првично закажано.

Исто така победникот од овој дуел кој сеуште ќе се игра на Комплексот Петар Милошевски од 16:30 часот, ќе се сретне со тимот на Победа во Струмица на втори јуни, наместо ден подоцна како што беше првично објавено.

Најново во Фудбал