Првиот фаворит сигурен на Западот

Гостивар рутински против Зајас, дербито за Струга Трим Лум

Лидерот Гостивар рутиснки го победи Зајас со 3:0 и остана на врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига Запад, а дербито со 2:0 го доби Струга Трим Лум против Македонија Ѓорче Петров

објавено: 10 март 2018 - 16:33

Лидерот Гостивар рутиснки го победи Зајас со 3:0 и остана на врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига Запад, а дербито со 2:0 го доби Струга Трим Лум против Македонија Ѓорче Петров.

Убедливо на гостински терен со 3:0 славеше и Влазерими против Новаци, а во останатите два меча од 16. коло немаше победник. Еуромилк и Лабуништа ремизираа, 1:1, а без голови заврши мечот меѓу Локомотива и Тетекс.

Табела: Гостивар 31 бод, Влазерими 28, Струга Трим Лум 27, Македонија Ѓ.П. 26, Лабуништа 23, Еуромилк 21 (еден меч помалку), Тетекс 20, Локомотива 19, Зајази(-1) 12, Новаци 8 бода. 

Најново во Фудбал