ВТОРА РУНДА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ ВО ВТОРОЛИГАШКАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Гостиварски тест за прволигашките амбиции на Скопје

Единствениот тим кој во западната група по првите 90 минути оствари победа, денеска пред своите гледачи ќе треба да ги потврди своите аспирации за освојување на врвот против екс-прволигашот од Автокоманда... На Исток, Брегалница и Борец како гости тргнаа победнички па сега пред своите гледачи ќе треба да отпочнуваат победничката серија, а новите лигаши во оваа конкуренција Кит Го и Партизан Обршани, таа обврска ќе ја имаат во улога на гости

објавено: 25 август 2018 - 14:15

Второлигашкиот карван е пред втората рунда од новата сезона во двете групи Исток и Запад, кој треба да ги дефинира тимовите со какви амбиции ќе настапуваат сезонава во оваа конкуренција. По стартните 90 минути, во западната група победнички старт имаше само Гостивар, додека пак на Истоко дури четири тимови остварија полн погодок: Брегалница, Борец, Партизан и Кит Го.

Секој бод освоен дома и во гости во конкуренција на по десет екипи во трикружниот натпреварувачки систем брзо ќе ги искачува тимовите во горниот дом, а и експресно ќе ги доближувадо опасната зона. Ова второлигашка нишалка „горе-долу" им е добро позната на тимовите, кои немаат простор за опуштеност и на стартот од натпреварувањето кога атмосферата на терените е порелаксирана ќе се обидат да соберат што повеќе бодови, бидејќи како ќе одминува првенството на терените ќе станува се пожешко и потешко да се книжат планирани победи на гостински терен.

ШТИПЈАНИ РАСПОЛОЖЕНИ ЗА ГОЛОВИПРЕД ГОСТУВАЊЕТО НА ПАРТИЗАН
Екс-прволигашот Брегалница од Штип на стартот од сезоната е расположен за голови. Немаше проблеми на гостувањето кај Вардар во Неготино, постигна четири гола, а како гостин во Купот го наполни со двојни повеќе погодоци и третолигашот Поешево. Штипјани по двата ефикасни гостински настапи првпат сезонава ќе бидат во улога на домаќини. За ривал имаат тим кој е нов во второлигашката конкуренција Партизан од Обршани, кој пакпо резултаски пресврт на стартот со песна си замина од Каменица.
Покрај овие две екипи, победнички старт имаше и Кит Го од Пехчево, кој меѓу двете првенствени коло и во Купот приреди изненадување елиминирајќи го Шкупи. Новиот второлигаш од Пехчево има амбиции експресно да го скокне второлигашкото друштво и да се најде во елтниот состав. Дали имаат капацитет за оставрување на тој план на испит ќе бидат на гостувањето во Неготино, каде домаќинот Вардар ќе бара поправен по стартниот неуспех. И Борец од Велес е тимот со прволигашки амбиции. Така тргна во првенството, но во Купот беше изненаден од западниот второлигаш Кораби, па да остане во четворкакоја го поведе првенственото „оро", дома треба да ги прокнижи планираните три бода од дуелот со Каменица Саса.

ДЕРБИ ВО ГОСТИВАР
Откако минатосезонските прволигаши Скопје и Пелистер на стартот меѓусебе во Автокоманда одиграа меч на кој мрежите мируваа, главните фаворити во западната група за враќање во елитата ќе имаат поправен испит со наштелувани нишански справи во куп-обврските. Двете екипи поминаа како гости. Скопје направи успешен тест во Неготино и сега во Гостивар патува кај единствениот тим во западната група со победнички старт да го надополни пропуштеното на домашен терен со битолчани.
И Пелистер ќе игра со тим од гостиварско, новакот Генч Калемлер Спорт, кој против уште еден екс-прволигаш Тетекс, на стартот покажа дека не е тим за предвреме да се отпише.
На стартот еден од тимовите кој најави прволигашки амбиции и создаваше тим за оставрување на истите Струга Трим Лум е изнеанден од новиот второлигаш Гоблен јуниор во Куманово, па ќе има тешка задача да се поправи впечатокот на второто по ред гостување, кај многу посилниот состав на уште еден поранешен прволигаш во оваа група, Влазерими во Кичево.

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО - ЗАПАД
ДЕНЕСКА -16.30 ЧАСОТ
Кичево: Велазерими – Струга Трим Лум
Тетово: Тетекс – Гоблен јуниор
Битола: Пелистер – Генч Калемлер Спорт
Гостивар: Гостивар – Скопје
УТРЕ – 16.30 ЧАСОТ
Струга: Лабуништа – Кораби

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО - ИСТОК
ДЕНЕСКА – 16.30 ЧАСОТ
Штип: Брегалница – Партизан
Гевгелија: Кожув – Детонит
Неготино: Вардар – Кит Го
Радовиш: Плачковица - Тиквеш
Велес: Борец – Каменица Саса

 

Најново во Фудбал