ДЕСНИОТ БЕК ДОБИВА ШАНСА ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР

Грозданоски: До сега не сум загубил во Битола, нека биде така и сега

Влатко Грозданоски е еден од оние фудбалери кој ја игра последната сезона во дресот на Вардар. Десниот бек на шампионот в недела на дербито со Пелистер ќе се најде во почетниот состав. 

објавено: 26 мај 2017 - 17:25

Вардар во рамките од 35. коло од ПМФЛ гостува во Битола, на големото македонско дерби против Пелистер. Ова практично ќе биде таканаречен „Супер-Куп" натпревар, со оглед дека се среќаваат освојувачот на Купот на Македонија, и идниот шампион.

Влатко Грозданоски е еден од оние фудбалери кој ја игра последната сезона во дресот на Вардар. Десниот бек на шампионот в недела на дербито со Пелистер ќе се најде во почетниот состав.

„Ќе биде убав натпревар, ќе биде добра атмосфера. Ќе му го честитаме на Пелистер освоениот Куп, а на теренот сакаме да победиме. До сега не сум загубил во Битола, нека биде така и во недела. Веќе го имаме обезбедено првото место на табелата на крајот, но посакуваме победнички да го завршиме првенството, и затоа ќе одиме на трите бода и на овој, и потоа на последниот натпревар против Силекс кога ќе ја славиме шампионската титула. Меѓутоа сега сме фокусирани кон неделниот меч во кој посакувам да продолжи традицијата на добри резултати", вели Грозданоски.

Најново во Фудбал