Нигериецот одигра едно полувреме за македонскиот првак

Харуна се запозна со Вардар (Фото)

Лукман Харуна одигра 45 минути за Вардар, први во тест периодот за него на подготовките во Анталија

објавено: 3 февруари 2018 - 18:21

Лукман Харуна одигра 45 минути за Вардар, први во тест периодот за него на подготовките во Анталија. Нигериецот со одлично педигре и настапи во Монако и во Динамо Киев влезе во игра во второто полувреме на пријателскиот меч со Словачко, а дали ги задоволи вкусовите на челниците на Вардар, веројатно ќе се знае утре. Македонскиот првак ќе го игра последниот пријателски меч во Анталија, утре со Дукла Прага, а Харуна речиси сигурно пак ќе добие одредена минутажа.

Играчот од средниот ред од Лагос, Нигерија има настапи во Лигата на шампионите и Европа Лигата за Динамо Киев, но нема настапи одредено време и пристигна во Вардар на проба.

Најново во Фудбал