Иста мета, исто растојание

Хет-трик на Ибраими, сефте гол на Блажевски за убедливи победи на Вардар и Шкендија

Водечкото трио во македонската Прва Лига, Вардар, Шкендија и Пелистер забележаа победи во 14. коло во битката за врвот

објавено: 16 ноември 2016 - 14:59

Водечкото трио во македонската Прва Лига, Вардар, Шкендија и Пелистер забележаа победи во 14. коло во битката за врвот.

Вардар беше убедлив против Македонија Ѓорче Петров во локалното скопско дерби и славеше со 4:1. За да се задржи предноста од 7 бода на врвот се погрижија Бобан Николов, Дејан Блажевски, Дамир Којашевиќ и Јасир Асани со по еден погодок во мрежата на Целески. За гостите стрелец бна почесниот погодок беше поранешниот член на Вардар, Виктор Серафимовски.

Со идентични три гола разлика победа прокнижи и Шкендија против Брегалница, но со резултат 5:2. Блескаше репрезентативецот Бесарт Ибраими со хет-трик, за жал на празен стадион. Шкендија ја одработи казната од еден меч без присуство на публика со рутински триумф. По еден гол дадоа и Цуцули и Хасани, а за Брегалница двоен стрелец беше Здравков.

Во римеч од осминафиналето во националниот куп, Пелистер повторно најде рецепт за Ренова, овојпат во домашното првенство и со голот на Мартин Ковачев славеше мошне важна победа. 

Триумф на домашен терен прокнижи и Силекс против Работнички со 2:1. Ацевски и Илјази беа прецизни за кратовци, а Дурански погоди за „романтичарите“. 

Нерешено, 1:1 заврши мечот меѓу Шкупи и Победа, а по еден погодок постигнаа Зука и Шарковски.

Табела: Вардар 34, Шкендија 27, Пелистер 25, Работнички 20, Ренова 19, Силекс 18, Шкупи 15, Победа 11, Македонија Ѓ.П. 10, Брегалница 8.

Најново во Фудбал