Мирољубиво денеска

Хет-трик нерешени во Првата Лига - Голови само на мечот Силекс - Шкупи (Видео)

Без победник завршија трите денешни мечеви од 23. коло во македонската Прва Лига, а голови имаше само во Кратово, каде Силекс и Шкупи одиграа нерешено, 1:1. Шампионот Вардар не успеа да го победи фенерџијата Скопје, ниту да му даде гол, а без погодок заврши и мечот во Охрид меѓу Победа и Академија Пандев

објавено: 11 март 2018 - 16:03

Без победник завршија трите денешни мечеви од 23. коло во македонската Прва Лига, а голови имаше само во Кратово, каде Силекс и Шкупи одиграа нерешено, 1:1. Шампионот Вардар не успеа да го победи фенерџијата Скопје, ниту да му даде гол, а без погодок заврши и мечот во Охрид меѓу Победа и Академија Пандев.

Прилепчани и струмичани играа на неутрален терен, а мечот беше слаб, па и двете екипи останаа без победа во петте пролетни кола.

Идентично беше сценариото и на скопското дерби меѓу Скопје и Вардар. Речиси и да немаше шанси за гол, па на крајот дуелот заврши 0:0.

Силекс освои еден бод на мечот со Шкупи и ја задржа големата предност во битката за третата позиција, која гарантира настап во квалификациите за Европа Лигата. Домаќините во Кратово поведоа со голот на Антонио Маркос во 11. минута, а со прекрасен гол израмни Баже Илијоски.

Табела: Шкендија 59, Вардар 43, Силекс 36 (еден натпревар помалку), Шкупи 29, Работнички и Академија Пандев по 28, Ренова 25, Победа 22, Пелистер 21 (-1), Скопје 17.

Најново во Фудбал