ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ДЕФАНЗИВАТА НА СИЛЕКС

Христијан Гроздановски ново име во Кратово

Стоперот доаѓа од Гостивар, претходно има играно за Царев Двор и Новаци

објавено: 14 јуни 2018 - 17:35

Христијан Гроздановски (25) е најново име во редовите на Силекс. Кратовци по куси преговори го договорија досегашниот стопер на второлигашот Гостивар, кој претходно има играно и за Царев Двор и за Новаци

Со Гроздановски раководството на Силекс и натаму е максимално ангажирано во овој летен преоден рок кој официјално започнува утре. Досега Силекс ги официјализира Филип Миленковски, Емануел Мбела, Спасоје Стефановиќ, Стефан Коцев и Дарио Десниќ.

Најново во Фудбал