НОВО ИМЕ ВО ЧАИРСКИОТ КЛУБ

И Филип Ристовски потпиша за ФК Шкупи

По голманот Енес Азизи, ново име во ФК Шкупи е десниот бек Филип Ристовски

објавено: 10 јануари 2019 - 17:02

Младиот фудбалер доаѓа од редовите на Силекс, а претходно го носеше дресот на Металург Скопје, а играше и во Борац од Бања Лука и во српскиот Јавор. Ристовски истакна дека му е чест што ќе игра за еден од најпознатите македонски клубови.

Дојдов во клуб го богата традиција. Спремен сум за нов предизвик. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе бидеме при врвот на табелата", изјави 24-годишниот фудбалер кој има настапи и за репрезентацијата до 21 година.

 

Најново во Фудбал