НОВ ПРОБЛЕМ ЗА БИТОЛЧАНИ

И Пелистер без евро - лиценца

Како што велат нашите информации, пријавата за евро - лиценца на Пелистер од страна на Лиценцната комисија на ФФМ е одбиена. 

објавено: 21 мај 2018 - 14:30

Се чини дека Пелистер и да победи во Куп финалето со Шкендија во среда, нема да може да игра во Европа ова лето. Имено како што дознаваме клубот од Битола нема добиено евро - лиценца од страна на належната комисија на ФФМ. Проблемот бил во несоодветната документација и тоа со оглед на тоа со какви проблеми се соочува клубот не е ништо ново.

Од друга страна Шкупи исто така од „прва" не доби лиценца, но нивниот проблем е минимален и се очекува за неколку денови да биде отстранет и чаирачни да може да играат во Европа. Но само ако Шкендија го победи Пелистер, иако по се ова што се случува со лиценцата на битолчани, играчите на Шкупи и сите во таборот на овој клуб може да слават за излезот во Европа. Пелистер и да победи во финалето, а тоа е рамно на сензација, не може да игра во Европа.

Најново во Фудбал