Од 14 часот се игра првиот меч од 20. коло

И Силекс конечно во пролетна офанзива, ќе ја напаѓа Ренова во Тетово

Фудбалерите на Силекс имаа непланиран и продолжен одмор од три дена, по одложениот меч од 19. коло со Скопје, па за Кратовци денеска почнува пролетниот дел од шампионатот со дуелот против Ренова на гостински терен

 

објавено: 17 февруари 2018 - 12:30

Фудбалерите на Силекс имаа непланиран и продолжен одмор од три дена, по одложениот меч од 19. коло со Скопје, па за Кратовци денеска почнува пролетниот дел од шампионатот со дуелот против Ренова на гостински терен.

Силекс не играше во средата во првото пролетно коло на домашното првенство, поради лошите услови. Дождот и потопениот терен во Кратово беа пречка да се игра мечот против Скопје, кој дополнително е закажан за 7. март.
Тоа значи дека за избраниците на Жикица Тасевски премиерата е денеска од 14. часот. Ренова го одигра својот прв пролетен меч и освои еден бод против Работнички.
Домаќините ќе бијат битка за бодовите, кои им се неопходни за бегство од опасната зона, а Силекс има амбции да избори настаоп во европските купови. Кратовци играа одлично во првиот дел и се на третото место со 31 бод, зад водечкиот тандем, Шкендија и Вардар.
Ренова има 19 бодови на осмото место, кое е во опасната зона за испаѓање од Првата Лига.

Најново во Фудбал