Репрезентативецот на Македонија оптимист пред дербито

Ибраими: Подготвени сме да го победиме Вардар

Македонскиот репрезентативец Бесарт Ибраими е оптимист пред големото дерби меѓу Шкендија и Вардар и верува во победа над големиот ривал за титулата

објавено: 22 октомври 2016 - 13:04

Македонскиот репрезентативец Бесарт Ибраими е оптимист пред големото дерби меѓу Шкендија и Вардар и верува во победа над големиот ривал за титулата. Во Тетово, утре од 14,30 часот ќе се бие битка за врвот на табелата и за пол-позиција, која дава голема предност во продолжението од домашниот шампионат.

„Подготвени сме за дуелот со Вардар, а секако дека знаеме добро што ни носи победа против големиот ривал. Сакаме двојна радост и да ги освоиме бодовите и да ги израдуваме нашите навивачи. Нема да подлегнеме на притисокот, ниту на атмосферата, бидејќи сме доволни искусни да не нѐ фати еуфорија. Не е важно кој ќе даде гол, иако знам дека од мене и од останатите офанзивни играчи на Шкендија се очекува многу. Важно е да ги освоиме бодовите. Секако ќе мора да внимаваме и на одбраната, а посакувам да не примиме гол, со што полесно ќе стасаме до целта и до трите бода“, вели Ибраими.

Шкендија нема победа против Вардар на последните три меча, а ако не се сметаат двата натпревари од националниот Куп од лани, во домашно првенство против шампионот постат на последните 5 меча. Во првиот меѓусебен дуел на двата најголеми конкуренти за титулата во ова првенство Вардар ја декласира Шкендија со 3:0.

 

Најново во Фудбал