ЗОШТО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ ГО ИГНОРИРА ШАМПИОНОТ?

Илчо Ѓорѓиоски испрати човек од третиот ешалон на ФФМ за да му го даде пехарот на Вардар! (ФОТО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски попладнево не му го додели пехарот на старо-новиот шампион на Македонија, Вардар, по крајот на соседското дерби со Работнички, кое се одигра на Националната Арена „Филип Втори".

објавено: 19 мај 2016 - 19:04

Првиот човек на ФФМ не го удостои шампионот, па на „Филип Втори" го испрати Марјан Стојковски, членот на Управниот одбор на ФФМ за да им го врачи пехарот на вардарци, кои пред десет дена ја осигураа својата десетта титула во клупската историја со триумфот во Пробиштип.

Ѓорѓиоски утринава се појави на тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ за да ги проследи финалињата во младинска конкуренција.

Ѓорѓиоски и Стојкоски (лево) утринава на тренинг-комплексот „Петар Милошевски"

Со недоаѓањето на соседското дерби, првиот човек на македонскиот фудбал веројатно сакаше да избегне исвиркување од навивачите на Вардар, кои повеќе од две години постојано скандираат против него и против ФФМ. Тие и денеска за време на доделувањето, скандираа „Илчо каде е?“

Минатата година на крунисувањето во Кратово, кога Вардар ја освои деветтата титула, Ѓорѓиоски беше присутен на последниот меч и им го врачи пехарот на црвено-црните.

Во понеделникот, Ѓорѓиоски ѝ го врачи пехарот на Шкендија за освоениот Куп на Македонија.

Најново во Фудбал