Баже Илијоски пак се запиша во листата на стрелците и на денешниот меч за Пелистер против Брегалница и стаса до импресивна бројка од 122 гола во домашното првенство. Сега сериозно е загрозен рекордот на Зоран Чоко Бошковски, кој е најдобар стрелец во историјата на македонските шампионати со 125 погодоци.
За три екипи за кои настапуваше во македонската Прва Лига, Илијоски севкупно стаса до кота „122“, а најмногу од нив постигна во дресот на Работнички. Баже за „романтичарите“ дури 94 пати ја тресеше мрежата на прволигашките терени. За Металург 26 пати се запиша во листата на стрелците, а за Пелистер како зимско засилување годинава, погоди и против Победа на првиот меч и денеска со Брегалница.