Прилепчани се подготвуваат за новата сезона

Илјада денари чини сезонски билет за Победа, стадионот во Прилеп се уште е ораница (Фото)

Раководството на Победа ја одреди цената за сезонските билети и тие чинат по илјада денари, што воопшто не е скапо, но не се знае на кој стадион ќе играат прилепчани во 2017/18 во прволигашкото друштво

објавено: 26 јуни 2017 - 10:57

Раководството на Победа ја одреди цената за сезонските билети и тие чинат по илјада денари, што воопшто не е скапо, но не се знае на кој стадион ќе играат прилепчани во 2017/18 во прволигашкото друштво.

Градскиот стадион е руиниран и тешко дека ќе биде комплетно саниран и подготвен за новата сезона, па веројатно Победа пак ќе почне во Могила.

Денеска во 16 часот Победа ги почнува подготовките за новата сезона. Првиот тренинг е на стадионот на Могила. На првиот собир се очекува да се јават најголем дел од играчите кои го носеа дресот на Победа во претходното првенство, и засега единственото засилување Борче Маневски. На првотимците ќе им се приклучат и неколку фудбалери од младинската школа.

Најново во Фудбал