Тетовци тешко ги доживуваат поразите од Вардар

Искри летаа во соблекувалната на Шкендија, настрадал голманот Јовановски

Во Шкендија тешко се поднесуваат поразите од Вардар,а инцидент имало на полувремето во соблекувалната на гостиоте на вчерашното дерби во Скопје

објавено: 27 февруари 2017 - 12:15

Во Шкендија тешко се поднесуваат поразите од Вардар, а инцидент имало на полувремето во соблекувалната на гостите на вчерашното дерби во Скопје.

Имало и физички напад на голманот Марко Јовановски, кој згреши при првиот гол на Вардар. Вистина, грешката е кардинална, но тоа не е причина за атак врз 29-годишниот голман. Имало и по некоја шлаканица, а ова не е првпат да кулминира нервозата во таборот на Шкендија, по неуспесите со Вардар.

И лани во октомври, грешката на Костадин Захов, кога прими гол од слободен удар во поразот од 0:2, тетовци тешко ја „сварија“. Тогаш дел од навивачите бараа Захов да си замине, иако претходно им беше херојот во одличниот европски поход, по кој Шкендија играше во плејофот за настап во Европа Лигата.

Сега истото се бара и за Јовановски, кој долго е во Шкендија.

Тетовци имаат малку време да ја вратат самодовербата и разнишаната атмосфера, бидејќи задутре повторно му гостуваат на шампионот, овојпат во првиот полуфинален меч од националниот куп. 

Најново во Фудбал