Ќе има ли време за реорганизација до пролетниот дел

Ингилизов ги предаде печатите на Победа, општината ќе ги спасува прилепчани

Раководството на Победа се повлече комплетно од клубот, а досегашниот претседател Гоце Ингилизов ги предаде печатите, со што и автоматски се повлече од функцијата претседател на прилепскиот фудбалски клуб

објавено: 22 декември 2017 - 10:59

Раководството на Победа се повлече комплетно од клубот, а досегашниот претседател Гоце Ингилизов ги предаде печатите, со што и автоматски се повлече од функцијата претседател на прилепскиот фудбалски клуб.

Спас се очекува од Општината Прилеп, барем за почеток и за каква таква консолидација на Победа, но проблеми секако има. Најпрво неизвесно е дали тренерот Бубања ќе се врати на кормилото на клубот, а и дузина играчи си заминаа.

Има инцијатива за спас на Победа, но засега нема конкретни имиња што би се нафатиле да раководат со клубот.

На праг се зимските подготовки и преодниот рок, а времето е кусо за реорганизација и консолидација на Победа, екипа која ќе бие тешка битка за опстанок во Првата македонска лига.

Најново во Фудбал