Добар почеток за Бразилецот

Итало: Нема поубаво од деби со гол

Летното засилување на Вардар, Итало Хозе Оливеира Дош Сантош, постигна гол во дебито за шампионот во домашното превснтво, што е убав почеток за Бразилецот во редовите на „црвено-црните"

објавено: 21 август 2017 - 16:09

Летното засилување  на Вардар, Итало Хозе Оливеира Дош Сантош, постигна гол во дебито за шампионот во домашното превснтво, што е убав почеток за Бразилецот во редовите на „црвено-црните“. Во 68. минута од мечот против Победа, само 23 минути откако влезе во игра, Итало ја затресе мрежата на Талески.

„Од првите денови заклучив дека станува збор за одличен тим. Во Вардар има одлични момци, вистински професионалци. Се е во ред, освен што не разбирав ништо што зборуваат, но имам одличен преведувач во тимот кој што ми помогна многу да се адаптирам. Тоа е мојот сонародник Фелипе“, вели Итало. 

Од него се очекува многу во иднина, а задачата ќе му биде тешка, бидејќи Вардар нема многу алтернативи во нападот. Против Победа Итало најави дека ќе биде засилување по мерка за шампионот.

„Тоа беше одличен натпревар за нашиот тим. Игравме одлично и што е најважно успевме да победиме. Секако дека сум среќен за моето деби во тимот на Вардар. Нема подобро нешто од тоа кога ќе на првиот натпревар ќе се постигне гол. Но, за мене уште поважна е победата на тимот и освоените бодови на овој натпревар. Сега ни следува реваншот со Фенербахче на кој што нормално посакувам да се избориме за резултат кој што ќе не однесе во следната фаза во групите од Лигата на Европа. Сега сме максимално фокусирани кон тој натпревар", рече новото засилување на Вардар.

 

Најново во Фудбал