ПОВТОРНО ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ ДРЕСОТ НА „ШТОФАРИТЕ“

Иво Јанакиевски се врати во Тетекс (ФОТО)

Офанзивецот во нападот пред неполни два месеци замина во грчкиот клуб Халкис , но некои работи не беа по вкусот на искусниот фудбалер.

објавено: 14 септември 2018 - 17:30

Затоа Јанакиевски седна на маса со челниците на клубот и ги информираше дека реши да се врати во Македонија, Тетекс.

Експресно, утринава им се приклучи Јанакиевски на соиграчите и го одработи првиот тренинг.

В сабота Тетекс ќе го игра мечот од четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига - Запад, со почеток од 15:30 часот на Градскиот стадион во Кичево ќе игра против Велазерими.

Најново во Фудбал