Дербито решено во финишот со гол за Влазрими

Изгоре лончето, му претече млекото на Еуромилк во последните секунди

Влазрими го доби дербито од неделната програма во Втората македонска лига против Еуромилк со гол во последните секунди од натпреварот

објавено: 19 март 2017 - 16:08

Влазрими го доби дербито од неделната програма во Втората македонска лига против Еуромилк со гол во последните секунди од натпреварот. Домаќините погодија во петтата минута од судиското продолќение за триумф од 1:0, а голот предизвика револт кај гостите од Скопје. По мечот претставници на гостинската екипа се обидоа да се пресметаат со судиите, но полицијата ги спречи.

Новаци со еден гол го доби мечот со Вардар Неготино и се приблиќи на само еден бод до третата позиција на Еуромилк. Важни бодови за опстанок освои и Хоризонт Турново со триумф од 2:0 против Металург. Гостите со пораз го губат чекорот во битката за влез во Првата лига. По 17. коло Тетекс е фенерџија, откако загуби од Тиквеш Љубанци со 0:1 во дербито на дното на табелата.

Табела: Академија Пандев 43, Скопје 33, Еуромилк 29, Новаци 28, Металург 23, Турново 22, Влзарими 18, Тиквеш 16, Вардар Неготино 14, Тетекс 13. 

Најново во Фудбал