ГОЛГЕТЕРОТ СО ОСМИ СЕЗОНСКИ ГОЛ НА ОСМИОТ НАТПРЕВАР

Јаховиќ повторно во голгетеска форма

објавено: 8 ноември 2014 - 17:28

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ постигна гол за Самара во победа од 2-1 против Саратов во рамки на втората лига во Русија. Голгетерот го постигна својот осми погодок во сезоната на осмиот натпревар. Јаховиќ погоди во 42-та минута со што го најави пресвртот и победата на Самара.

Овој погодок сигурно ќе го радува и македонскиот селектор Бошко Ѓуровски за претстојниот натпревар на Македонија против Словачка во рамки на квалификациите за Европското првенство идниот викенд во Скопје.

Најново во Фудбал