Новиот спортски директор на прилепчани вети многу работа

Јане Николовски: Победа заслужува да биде во врвот на мак-фудбалот

Новиот спортски директор на Победа, Јане Николовски најави стабилизација на клубот, кој според рејтингот заслужува да биде рамо до рамо со најдобрите фудбалски екипи во Македонија

објавено: 25 јануари 2018 - 08:44

Новиот спортски директор на Победа, Јане Николовски најави стабилизација на клубот, кој според рејтингот заслужува да биде рамо до рамо со најдобрите фудбалски екипи во Македонија. Поранешниот македонски репрезентативец е дел од новите структури, а се враќа во клубот во кој ја почна кариерата.

„Верувам дека со моето искуство како фудбалер можам многу да помогнам на новата функција. Победа е клуб со традиција, клуб кој заслужува да биде многу подобро пласиран моменталната позиција. Ние ќе се потрудиме да го оствариме тоа во најкраток можен период. Ќе доведеме вистински засилувања кои што ќе го подигнат квалитетот на нашата игра. Верувам дека Победа во продолжението од првенството ќе биде рамо до рамо со најквалитетните екипи во Македонија. Приоритет на почетокот ни е стабилизација на фудбалскиот клуб Победа. Ќе се потрудиме сите заедно да го издигнеме клубот на повисоко ниво. Се надевам дека комплетниот играчки кадар ќе го имаме во најскоро време“, вели Николовски.

Наскоро функцијата претседател на Победа ќе ја превземе Небојша Стојковиќ, а најавено е сигурно останување во Победа на тренерот Славољуб Бубања.

Најново во Фудбал