Пеколно е темпото, ги чека и десеттиот меч во рок од 30 дена

Јаневски: Играчите реагираа како вистински војници

Чедомир Јаневски повторно ги пофали играчите на Вардар и нинвата посветеност и натчовечки напор во деветтиот меч во рок од 26 дена, а вели едека неговите избраници реагирале војнички

објавено: 13 декември 2017 - 16:20

Чедомир Јаневски повторно ги пофали играчите на Вардар и нинвата посветеност и натчовечки напор во деветтиот меч во рок од 26 дена, а вели едека неговите избраници реагирале војнички. Денеска конечно за шампионот заврши есенскиот дел, со триумф од 1:0 против Работнички. И тоа не е крај за долгата авантура на „црвено-црните“, бидејќи в недела, на 17. декември ги чека реванш мечот со Шкупи во осминафиналето на националниот куп.

„По секој натпревар упатувам честитки за фудбалерите, но навистина мислам дека е тоа сосема заслужено. Кажав и претходно дека не е нормално за наши услови во овој момент. Ова е 26 ден и 9 натпревар за нас. За некој ден ќе играме и 10-ти меч. Затоа сите честитки одат кон фудбалерите, реагираа како вистински „војници", и немаме никакви проблеми на релација стручен штаб-играчи. Секоја чест за нив. Доколку имавме уште една победа повеќе, за мене ќе беше перфектна есен бидејќи во Европа игравме во групна фаза, го освоивме тој бод, иако како поминуваа тие натпревари игравме се подобро и подобро. Да се тренира во вакви зимски услови уште недела-две повеќе од останатите екипи, тоа е извонредно чувство. Ја завршивме оваа полусезона со заостанување од осум бодови, но во игра се уште 54 поени во вториот дел. Сега ни останува зимскиот период прво и основно да се одмориме, и да се подготвиме добро за втората полусезона. Ова беше заслужена победа. Во првиот дел малку беше очигледен и заморот, затоа што прв пат после долго време немавме многу ротации во тимот, и затоа се виде дека овој меч не го почнавме така како што ги почнавме последните два меча со Розенборг и со Академија Пандев, и високата поставеност на Работнички исто така не ни дозволи да развиеме наша игра. Затоа не почнавме добро, иако мислам дека бевме тим кој што сакаше, покажуваше желба. Имавме еден шут на Фелипе и две докрај неиспратени акции, а Работнички не ни направи ниту една шанса, иако игравме високо затоа што ние моравме да ја градиме играта, а противникот гледаше само како да се одбрани. Во второто полувреме целосно друга слика. Бевме доминатни, направивме 2-3 „зицер" шанси, мораше порано да го отвориме натпреварот, но упорноста, карактерот, желбата на овој меч на фудбалерите покажа дека Вардар мора да верува и да се надева во другиот дел од првенството дека може да стигне до титулата", изјави Јаневски по дербито со Работнички.

Најново во Фудбал