Ја превзеде вината, иако не е единствениот виновник

Јаневски: Моја е вината за поразот, јас одлучувам кој ќе игра

Чедомир Јаневски постапи џентлментски и ја презеде вината за поразот од Работнички, но јасно е дека има и други виновници за неуспехот, кој речиси сигурно значи простување од титулата. „Јас сум одговорен за поразот, бидејќи јас ги бирам играчите“, вели тренерот на Вардар

објавено: 24 февруари 2018 - 17:38

Чедомир Јаневски вели дека има уште бодови во опција и дека се додека постојат математички шанси Вардар ќе се бори за првото место. Стратегот на „црвено-црните“ е оптимист, но Вардар не игра на шампионско ниво и од утре, ако Шкендија ја победи екипата на Академија Пандев ќе има негатива од 11 бодови.

„Нема да прифатам дека е решено прашањето за титулата. Уште е рано и се додека постојат математички шанси ние ќе се бориме за првото место. Мораме да ја гледаме нашата игра и да не ги повторуваме истите грешки како денеска. Недозволено е за пет минути да губиме со 2:0. Значи сами си даваме голови. Направивме две грешки и фактички самите се победивме, бидејќи Работнички по тие два гола не направи некоја шанса плус. Напаѓавме, создававме шанси кои за жал ги промашувавме. Вината за поразот е моја, односно јас ја превземам одговорноста за овој пораз. Јас го составувам тимот и ги бирам играчите", изјави Јаневски.

Најново во Фудбал