По првиот неуспех на Работнички со новиот тренер

Јовановски: За поразот сами сме си виновни

Работнички го доживеа првиот пораз, откако во клубот се врати тренерот Ѓоре Јовановски. Во третиот меч со него на клупата, Ренова успеа да ја прекине мини-серијата на „романтичарите" од две победи по ред

објавено: 19 април 2018 - 16:03

Работнички го доживеа првиот пораз, откако во клубот се врати тренерот Ѓоре Јовановски. Во третиот меч со него на клупата, Ренова успеа да ја прекине мини-серијата на „романтичарите“ од две победи по ред.

„Пред се сакам да им ја честитам победата на фудбалерите и стручниот штаб на Ренова. Мора да нагласам дека имавме одличен прием, и фер и коректна игра на теренот. За поразот, самите сме си виновни. Јас како тренер ја преземам вината. Направивме грешки кои не смеевме да ги дозволиме. Сега сето тоа ќе го анализираме за да не се повторат истите грешки на следните мечеви. Велат дека од еден пораз можеш многу повеќе да научиш, отколку од десет победи. Одиме понатаму, веќе сме фокусирани на следниот првенствен натпревар против Пелистер", изјави Јовановски за клупскиот сајт.

Следниот меч со битолчани, Работнички ќе го игра в недела на домашен терен.

Најново во Фудбал