НЕ СЕ СНАЈДЕ ВО ШКЕНДИЈА, ЌЕ ИГРА ЗА СКОПСКИТЕ ЦРВЕНО-ЦРНИ

Јуфо една година во Вардар

Бразилецот доаѓа во Скопје како слободен играч откако му заврши договорот со Фљамуртари.

објавено: 5 јуни 2018 - 22:12

Нилдо Виктор Јуфо (25), е најновото засилување во ФК Вардар. Играчот за врска кој не се снајде најдобро во Шкендија во периодот од 2015 до 2017, сега доаѓа во Скопје и повторно ќе игра за „црвено – црните", но оние на Вардар

Инаку на времето Бразилецот во Шкендија дојде како големо засилување, но тешката повреда, скинати лигаменти, како и големата конкуренција во тимот не му овозможија голема минутажа. Да кажеме дека во летото 2016 година Јуфо беше пред трансфер во Хајдук.

Шкендија минатото лето раскина со Јуфо, тој потоа си најде трансфер во Фљамуртари кај Шпетим Дуро, но сега е слободен и тоа беше шансата Вардар да дојде до него и да се договори на една година со квалитетниот играч за врска.

Најново во Фудбал