ПОВЕЌЕ ПУБЛИКА ОД ЦЕЛА ПРВА ЛИГА

Кавадарци покажа како се сака фудбалот: Полн стадион на дербито со Вардар Неготино! (ФОТО)

Екипите на Тиквеш и Вардар Неготино го одиграа „дербито за тиквешијата“ во Кавадарци и иако тоа се играше во рамки на Третата лига, на стадионот имаше повеќе публика отколку во целата Прва лига!

објавено: 27 септември 2015 - 20:00

На трибините на Градскиот стадион беа присутни преку 5,000 гледачи, а во центарот на вниманието беа и двете навивачки групи на тимовите, „Винари“ и „Лозари“.

Натпреварот меѓу двата лути ривали заврши во полза на неготинчани кои славеа со 2-1, а стрелец на двата гола за Вардар Неготино беше Миле Чаушев. И покрај поразот, Кавадарци покажа како се сака фудбалот!

Најново во Фудбал