„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ДОБИВААТ НОВО ИМЕ

Кире Маркоски го засилува Вардар!

Вицепрвакот добива уште едно засилување во своите редови пред крајот на преодниот рок

објавено: 4 февруари 2019 - 19:24

„Спортмедиа“ дознава дека Кире Маркоски деновиве ќе стави потпис со екипата на Вардар. „Црвено-црните“ имаа намера да го ангажираат повремениот репрезентативец на Македонија, кој до сега настапуваше за АЕЛ Лимасол. 

Пред неколку дена кипарскиот тим се појави информација дека АЕЛ ќе го раскине договорот, со што тој би дошол во Вардар како слободен агент. 

Деновиве во Вардар треба да биде официјализиран и Хуан Фелипе, а исто така во комбинација е и Никола Ѓорѓев. 

Вардарци посакуваат да ја засилат екипата пред почетокот на пролетниот дел од сезоната каде што ќе бркаат негатива од пет бода пред Шкендија. 

Најново во Фудбал