ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ПЕХЧЕВЦИ

Кит-Го го потпиша Пановски

Еден ден откако се раздели со Силекс потпиша за амбициозниот второлигаш

објавено: 11 јануари 2019 - 13:56

Големо засилување за амбициозната екипа на Кит-Го за пролетниот дел од сезоната. Се работи за офанзивниот играч Александар Пановски кој вчера го раскина договорот со Силекс, а веќе денеска стана нов фудбалер на пехчевската екипа.

Пановски е велешанец, има 30 години и досега има играно само за Борец и Силекс, што значи дека Кит-Го му е третиот клуб во кариерата.

Најново во Фудбал