ОТКАКО МИНАТИОТ ВИКЕНД БЕШЕ ОТКАЖАН ДУЕЛОТ СО ДЕТОНИТ

Кит Го против Брегалница ќе стартува со „тестовите"

Утре во Штип против Брегалница во 14:00 часот, пехчевци ќе ја одиграат своја прва пријателска средба во текот на овие зимски подготовки

објавено: 29 јануари 2019 - 19:15

Кит Го амбициозниот второлигаш од Пехчево, утре ќе ја има првата „проба" на она што досега е сработено во текот на зимските подготовки. Иако планирано беше да се стартува со контролните натпревари минатиот викенд, сепак поради лошите временски услови мечот со Детонит беше откажан.

Па така утре во Штип со почеток во 14:00 часот, екипата на Кит Го ќе и гостува на Брегалница. Потоа следува заминување во Дојран, од 4 до 16 февруари, а утврден е и планот на сите пријателски мечеви кои следуваат.

На 6 февруари ривал ќе биде Кожуф, на 10 пак Беласица, на 13 противник ќе биде тимот на Симитли од Бугарија, три дена подоцна Кит Го ќе ги одмери силите и со Тиквеш, за да на крај од февруари следува „тестот" со Плачковица. „Генералката" на 2 март ќе биде против Тетекс.

Пехчевци задоволни од преодниот рок
Раководството на клубот на чело со претседателот Кире Гогов, координаторот Никола Кузманов и сите останати, беше доста активно во текот на зимскиот преоден рок.

Според имињата кои беа донесени видливи се големите амбиции на клубот во пролетниот дел во Втората Лига - Исток. Досега ангажирани тројца искусни прволигашки играчи како Благој Гуцев, Антонио Бујчевски и Александар Пановски. Додека од Саса беа донесени Христијан Јорданоски и Дејан Стојменов.

Од таборот на пехчеви не кријат дека во втората етапа од сезоната планот е Кит Го да се најде меѓу најдобрите на табелата во таа конкуренција.

Најново во Фудбал