Гостите постеа

Ќарот замина на сметката на Силекс, трите дерби дуели без победник

Силекс и Ренова победија и освоија три бода камо домаќини во 25. коло од домашното првенство, во кое трите дерби дуели завршија без победник, а гостинските екипи не забележаа ниту една победа

објавено: 1 април 2018 - 17:16

Силекс и Ренова победија и освоија три бода камо домаќини во 25. коло од домашното првенство, во кое трите дерби дуели завршија без победник, а гостинските екипи не забележаа ниту една победа.

Најголем ќар имаат кратовци по триумфот од 1:0 против Победа. Сега Силекс има девет бода предност пред конкурентите за третото место кое гарантира настап во европските купови.

Пелистер и Вардар одиграа без голови во вечното македонско дерби, а гостите во финишот можеа да се радуваат. Не беше досуден пенал за скопјани по стартот на голманот Илче Петровски над Максим Максимов, а потоа Тигран Барсегјан промаши зицер во последните мигови од мечот.

И Пелистер имаше свои шанси, а најголемата ја промаши Бовен во првиот дел.

Без голови заврши и дуелот на непоразените меѓу Скопје и Шкендија, а нивната пролетна серија се уште трае. 

И на третото дерби немаше победник. Работнички и Академија Пандев одиграа 1:1 и останаа зад Силекс во трката за третата позиција. Се приклули и Ренова по триумфот од 3:1 над Шкупи. Клубот од Чаир го претрпе и вториот пораз со новиот тренер Зекирија Рамадан.

Табела: Шкендија 63, Вардар 47, Силекс 39 (еден меч помалку), Академија Пандев 30, Работнички и Шкупи по 29, Ренова 28, Победа 25, Пелистер 23 (-1), Скопје 21. 

 

Најново во Фудбал