Спектакл во најава

Ќе „врие“ под Шара!

Мега дербито меѓу Шкендија и Вардар во рамките на 11. коло од ПМФЛ, се очекува да го проследат околу 15.000 гледачи, колку што е максималниот капацитет на стадионот во Тетово.

објавено: 23 октомври 2016 - 12:00

Тетово денеска ќе биде главниот епицентар на фудбалот. Во градот под Шара се игра мега дербито меѓу Шкендија и Вардар. На неколку часа пред стартот на овој дуел кој почнува во 14:30 часот, неофицијалните информации велат дека можна е рекордна посетеност, односно на стадионот во Тетово да има околу 15.000 гледачи колку што е максималниот капацитет.

Билетите чинат 100 денари, а веќе два-три дена се продаваат во Скопје, Гостивар, Кичево и во Тетово.

Вардар пред овој дуел е прв на табелата со два бода предност во однос на Шкендија. Доколу тетовци победат ќе бидат лидери. Шкендија и со реми може повторно може да биде лидер, бидејќи во среда на свој терен го дочекува Шкупи во заостанатиот меч од третото коло.

  

Најново во Фудбал