ОТКАКО ОДИГРАА КОЛКУ ШТО ИМ БЕШЕ ПОТРЕБНО

КМФ Велес е нов првак – догодина во Лигата на Шампионите! (ВИДЕО)

Во дуелот одигран во велешката сала „Гемиџии", КМФ Велес одигра нерешено (3:3) против директниот конкурент, екипата на Шкупи, доволно да го задржат оној еден бод предност кој го имаа пред одигрувањето на финалната рунда.

објавено: 24 мај 2018 - 22:03

КМФ Велес е нов шампион на Македонија во футсал.

Во решавачкиот дуел против директниот конкурент, екипата на Шкупи, КМФ Велес одигра нерешено (3:3), но сосема доволно за да го одбранат оној еден поен предност со кој влегоа пред одигрувањето на последното коло.
Па затоа во наредната натпреварувачка сезона ќе ја претставуваат Македонија во натпреварите од Лигата на Шампионите во футсал.

 

Најново во Фудбал