НЕВЕРОЈАТНА СЛУЧАЈНОСТ НА ЕВРОПСКИТЕ МЕЧЕВИ

Кога гостува руски тим во Македонија неизбежно е реми - 1-1! (ВИДЕО)

Екипата на Работнички синоќа на националната арена „Филип втори“ во рамки на плејофот на Лига Европа одигра 1-1 против Рубин Казан и ако се погледне низ минатото ќе се забележи неверојатна случајност - секој руски тим што гостувал во Македонија, дома си заминувал со еден даден и еден примен гол во својата мрежа.

објавено: 21 август 2015 - 09:08

Вклучувајќи го и дуелот Работнички-Рубин, досега, македонски и руски претставници се сретнале вкупно четири пати.

Првиот македонско-руски дуел е одигран во 1999 година, кога Цементарница во тогашниот Интертото куп го угости Ростелмаш. Потоа, следи неверојатниот дуел меѓу Вардар и ЦСКА Москва кој се одигра во 2003, а третиот дуел, пак, е меѓу Работнички и Локомотив Москва кој „романтичарите“ го одиграа во 2005 која за нив е прва, шампионска година. 

Најдобро издание против руски тим има забележано екипата на Вардар, која ја елиминира ЦСКА Москва од Лигата на шампионите и беше најблиску до пласман во елитата. „Црвено-црните“ во 2003 година доживеаја несреќна елиминација од последното квалификациско коло од чешкиот шампион Спарта Прага.

СИТЕ ДУЕЛИ НА МАКЕДОНСКИ И РУСКИ ТИМОВИ ВО СКОПЈЕ

1999 -  Цементарница - Ростелмаш 1-1 (1-0)
стрелци: 6' Савов - 37' Мацигура

Цементарница: Зекири, Цветковски (И.Милевски, 64), Христовски, Стефановски, Б.Милевски, Лазаревски (Трпковски, 68), Савов, Јакимовски, Димитровски, Серафимовски, Ристовски (Вујтовиќ, 78).
Ростселмаш: Кутепов, Датдеев, Степушкин, Нечај (Дједјук, 64), Мацигура, Есип, Бахтин (Комаров, 29), Рогочиј, Прудиус, Кириченко (Ландирев, 72), С. Маслов.

2003 - Вардар - ЦСКА Москва 1-1 (0-1)
стрелци: 64' Вандаир - 30' Гогниев

Вардар: Зекири, Веселиновски, Досевски, Анјанву, Грозданоски (Да Коста, 55), Трајчев, Захариевски, Ристовски (Брага, 74), Георгиевски, Бранковиќ, Вандаир (Петков, 71)
ЦСКА Москва: Мандрикин, А.Березуцки, Јановски (Кириченко, 46 - Самодин, 71), Гусев, Гогниев, Јарошик, Попов, Евсиков, В.Березуцки, Рахимиќ, Шершун (Лаизанс, 62)

2005 - Работнички - Локомотив Москва 1-1 (1-0)
стрелци: 12' Нухии - 90' Сичев

Работнички: Маџовски, Стојанов, Карчев, Кралевски, Јовановски, Трајчев, Стојанов (Михајловиќ, 72), Игњатов (Јанкеп, 90), Нухии, Мазнов (Илијоски, 75), Пејчиќ
Локомотив Москва: Овчиников, Лима, Евсеев, Маминов, Сеников, Коклов (Самедов, 62), Асатиани, Гуренко, Билјалетинов, Канједа (Лебденко, 75), Сичев

2015 - Работнички - Рубин Казан 1-1 (0-0)
стрелци: 85' Ристевски - 68' Карадениз

Работнички: Божиновски (Ефремов, 90), Цикарски, Илиевски, Ристевски, Силјановски, Јовановски (Ристовски, 70), Вујчиќ, Петровиќ, Алтипармаковски, Анене (Л.Најдовски, 86), Маркоски
Рубин Казан: Ружиков, Котуњо, Кверквелија, Камболов, Кузмин, Георгиев, Оздоев, Карадениз (Батов, 72), Карлос Едуардо (Кислјак, 81), Билјалединов (Портјангин, 58), Кануников

М.Т.

Најново во Фудбал