Не го заборавија својот член

Комити со поддршка за избоденото момче: Издржи Злате

Навивачката група „Комити“ истакна транспарент со поддршка за избоденото момче на „Рекорд“ во Скопје, а во поголемиот дел од натпреварот и скандираа: „Издржи Злате“

објавено: 4 март 2018 - 15:25

Навивачката група „Комити" истакна транспарент со поддршка за избоденото момче на „Рекорд" во Скопје, а во поголемиот дел од натпреварот и скандираа: „Издржи Злате".

Завчера во Скопје момчето, кое е дел од навивачката група „Комити“ беше избодено со нож, без никаков повод во центарот на градот.

„Комити“ обвинија дека напаѓачите се членови на групата „Шверцери“, кои го поддржуваат ривалскиот клуб Шкупи. Подоцна оттаму стаса демант по инцидентот што ги згрози сите во Македонија и ги разгоре страстите и на навивачката сцена кај нас.

Најново во Фудбал