Со два дена задоцнување

Конечно и Победа ги почна зимските подготовки (Фото)

Прилепска Победа и покрај проблемите ги започна зимските подготовки, а на првиот тренинг присутни беа и двајцата нови странци кои се на проба. Денеска на стадионот во Могила на тренинг беа присутни Јусаин Мупаин од Камерун и Отман Ел Ајнуи Мароканец со француски пасош

објавено: 12 јануари 2018 - 16:16

Прилепска Победа и покрај проблемите ги започна зимските подготовки, а на првиот тренинг присутни беа и двајцата нови странци кои се на проба. Денеска на стадионот во Могила на тренинг беа присутни Јусаин Мупаин од Камерун и Отман Ел Ајнуи Мароканец со француски пасош.

Се очекува да пристигне и Бразилецот Лукас Силва и Турал Хумбатов, Азербејџанец, кој беше во Победа и во есенскиот дел од сезоната.

На тренинзите кои доцнеа поради неисплатени плати, кои им се ветени на играчите се приклучени и неколку младинци и јуниори. Победа ќе почне со натпревари на 16. јануари против Шкендија во Охрид, а потоа ќе играат пријателска средба и со Ренова на 24. јануари

Најново во Фудбал