Претседателот на Македонија ЃП реагира на денешното судење

Копчаревски: До кога ќе се води хајка против Македонија ЃП? (ВИДЕО)

„Лавовите" на свој терен одиграа 2:2 со последната Брегалница, но, во преден план изби еден сомнителен момен по кој домаќините се чини дека се оштетени за пенал

објавено: 30 ноември 2016 - 16:49

Македонија Ѓорче Петров и Брегалница одиграа интересен натпревар кој заврши со поделба на бодовите (2:2). Сепак, домаќините имаат на што да се жалат, бидејќи во последните мигови не беше досуден чист пенал за нив. Главниот делител на правдата не покажа пенал за Македонија, кога очигледно постоеше.

„До кога ќе се води хајка против нашиот клуб" зачудено прашува претседателот на тимот од Ѓорче Петров, Љупчо Копчаревски.

Погледнете ја спорната ситуација и оценете сами дали имаше пенал за Македонија, или пак судиската одлука е правилна.

Најново во Фудбал