ДВЕ НОВИ ИМИЊА ВО ВТОРОЛИГАШОТ ОД ДЕБАР

Кораби се засили со Бајрами и Лазаревски

Донарт Бајрами и Филип Лазаревски се нови играчи на членот на втората лига запад

објавено: 12 февруари 2019 - 17:00

Кораби, членот на втората лига запад, се засили со двајца нови играчи. Станува збор за фудбалерот од средниот ред Донарт Бајрами и за голманот Филип Лазаревски. 

Кораби есенскиот дел од сезоната го заврши на шестото место. Целта е опстанокот во втората лига, и токму од тука екипата се засилува за настапите од пролетниот дел од сезоната кои Кораби ќе ги почне со гостување кај Гоблен. 

Најново во Фудбал