Тренерот на Ренова жали за шансите

Костов: Заслуживме бод против Вардар

Вардар лесно ни даде гол и потоа успеа да ја задржи предноста. Шампионот има искусна екипа, а ние не искористивме неколку шанси за гол, па епилогот е пораз, вели Влатко Костов по денешниот меч меѓу Вардар и Ренова

објавено: 17 март 2018 - 16:50

Вардар лесно ни даде гол и потоа успеа да ја задржи предноста. Шампионот има искусна екипа, а ние не искористивме неколку шанси за гол, па епилогот е пораз, вели Влатко Костов по денешниот меч меѓу Вардар и Ренова.

Шампионот славеше со голот на Дејан Блажевски во 23. минута, а потоа и двете екипи имаа шанси за уште некој погодок.

„Вардар е премногу искусна екипа да пропушти да не казни. Примивме ефтин гол, потоа во првиот дел промашивме два зицери. Имавме уште една добра шанса во вториот дел, но кога не погодувате поразите се неминовни. Мечот беше фер и коректен и му честитам на Вардар на победата“, рече Костов.

Од таборот на шампионот продолжи молкот кон медиумите и одлуката да не се даваат изјави до крајот на првенството.

Најново во Фудбал