ПЕХ НА НАПАЃАЧОТ НА МАКЕДОНИЈА ЃП

Костовски со скршеница на ногата

Напаѓачот на Македонија ЃП и некогашен македонски младински репрезентативец, заработи скршеница на ногата и ќе отсуствува од терените извесен период.

објавено: 8 август 2018 - 16:00

Кристијан Костовски има долга пауза пред. Напаѓачот на Македонија ЃП и некогашен македонски младински репрезентативец, заработи скршеница на ногата и ќе отсуствува од терените извесен период. Повредата за напаѓачот се случи на еден од тренинзите на тимот, во дуел со еден свој соиграч. Секако намера немало, но ете пех е што страдаше Костовски.

Тој беше еден од оние на кои тренерот Александар Таневски сметаше и тоа како за следната сезона, но ете ќе мора сега да се снаоѓа и вес Костовски во составот. Според нашите информации страдаше зголобот на десната нога на Костовски.
Да се надеваме дека паузата ќе биде најкратка што може и напаѓачот ќе се врати посилен на терените од кога и да е. Тој му остана верен на својот матичен клуб сите овие години и кога Македонија ЃП беше во втората лига, и покрај понудите кои ги имаше да замине во некој друг клуб во нашата лига.

Најново во Фудбал