РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ОСТАНУВА ВО ЧАИР

Кривањева и Шкупи се „врзаа“ до 2021 година

Фудбалерот на македонската репрезентација до 21 година, Бесарт Кривањева го продолжи договорот со Шкупи. 

објавено: 12 февруари 2018 - 18:45

Фудбалерот на македонската репрезентација до 21 година, Бесарт Кривањева го продолжи договорот со Шкупи за уште три и пол години. Дефанзивецот во таборот на тимот од Чаир дојде до јануари минатата година, како играч на Металург.

„Со оглед на тоа дека Шкупи е еден од најдобрите тимови во домашното првенство, со задоволство прифатив да го продолжат договорот. Се надевам дека ќе успееме во следните сезони да ја освоиме титулата во шампионатот и Купот на Македонија. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе“, изјави Кривањева по потпишувањето на новиот договор кој има важност до 2021 година. 

Најново во Фудбал