ВИЦЕПРВАКОТ ПОСАКУВА ДВАЈЦА БРАЗИЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ЃП

„Лавовите" Робсон и Жунињо пред трансфер во Вардар!?

Играчот за врска и левиот бек на Македонија ЃП биле трансферни цели на „црвено – црните". И двајцата имаа одлична полусезона во дресот на „лавовите"

објавено: 17 декември 2018 - 11:00

А кој вели дека Вардар не е заинтересиран за трансфери во зимскиот преоден рок?

Имено Робсон Да Силва и Леовигалдо Жуниор Жунињо оваа зима би можеле да се преселат во Вардар.

Како што велат нашите информации и за двајцата интернационалци од Бразил имало голем интерес од страна на челниците на „црвено – црните". Играчот за врска, Робсон, посебно се истакна во финишот на есенскиот дел кога на неколку средби постигна прекрасни голови од далечина, додека Жунињо во текот на целата полусезона беше одличен.

Тоа некој во Вардар го забележал и затоа и за двајцата пројавил интерес. Лошо за Вардар е тоа што и Робсон и Жунињо имаат важечки договори со Македонија ЃП, па затоа ќе треба да се плати отштета, и тоа дека и други клубови во нашата Прва лига покажале интерес за двајцата „кариоки".

Инаку дознаваме дека во случај и двајцата да се преселат во Вардар, раководството на „лавовите" веќе има замени за нив, исто така од Бразил.

Најново во Фудбал